Црква „Св. Стефан“ - Панцирp o X
Поглед кон црквата | |
| Македонска православна црква | |
| Епархија | Дебарско-кичевска |
| Архијерејско намесништво | Охридско |
| Парохија | Втора охридска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Населено место | Шипокно |
| Општина | Охрид |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Првомаченик Стефан |
| Изградба | 13 век |
| Живопис | 15 век |
| Архитектонски опис | |
| Портал „МПЦ“ | |
Свети Стефан е македонска пештерна црква која се наоѓа во под охридското село Шипокно, веднаш над населбата Свети Стефан. Црквата претставува главна манастирска црква на истоимениот манастир. Малечката полуоблесто соѕидана црква во шуплината на карпата, постоела и порано, но дури во времето на процутот на уметничката дејност во XV век добила фреско-живопис и тоа благодарение на помошта на широкиот круг ктитори од Охрид и од околните села. На ова укажува натписот испишан во нишата на ѓакониконот од кој се дознава дека дарители биле граѓаните од Велики Варош т.е.од Охрид и луѓето од соседните села: Шипокно, Горица и Коњско. Внатрешноста на пештерната црква е исликана со извонреден фреско-живопис, но тој е во голема мера оштетен. Во долната зона на апсидалниот простор е насликана света Богородица со малиот Христос пред себе. Од црковните архиереи-светители овде се насликани свети Василиј Велики, свети Јован Златоуст и свети Атанасиј Александриски. Извонреден е ликот на патронот кому му е посветена оваа пештерна црква. Архиѓаконот и првиот христијански маченик Стефан, насликан во нишата на протезисот.Големата композиција Дејзис или кај народот позната како “Второто пришествие Христово” е насликана на северниот ѕид, а до неа е насликана најпочитуваната светителка Света Петка. Од она што денес останало, според општиот цртеж на фигурите, карактеристичната обработка на формите со слободни потези и сочниот нанос на боите, ова сликарство го прават најблиско до црквата посветена на Сите Светители во селото Лешани, недалеку од Охрид и поради тоа се чини дека оваа пештерна црква е живописана пред самиот крај на шестата деценија на XV век, кога веќе се насетувала промената во начинот на работата на охридските уметници.[1]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Subotić, Gojko (1980). Ohridskata slikarska škola od XV vek. Zavod za zaštita na spomenicite na kulturata.
| „Црква „Св. Стефан“ - Панцир“ на Ризницата ? |
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Одбележан празникот Св. Стефан - летен, вредната пештерска црква чека на заштитарите
Галерија[уреди | уреди извор]

Фреска на Богородица

Фрески на два светитела во внатрешноста на црквата

Око на Провидението, икона во црквата
| Оваа статија за црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| ||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||